Elvır Hodzıc
27 Јули 2026•Ажурирано: 27 Јули 2026
Традиционалните скокови од Стариот мост во Мостар, Босна и Херцеговина, се одржаа вчера по 460. пат, а победници на јубилејното издание се Евалд Крниќ во дисциплината скокови на глава и Игор Казиќ во скокови на нозе, јавува Анадолу.
Казиќ повторно беше најдобар во дисциплината скокови на нозе, со што ја запиша својата вкупно 11. победа на една од најпознатите спортски манифестации во Босна и Херцеговина.
Крниќ успеа да го одбрани минатогодишниот триумф во најатрактивната категорија, скокови на глава, односно прочуената мостарска ластовица.
Второ место во оваа дисциплина освои сарајлијата Дино Бајриќ, а третопласиран беше мостарецот Ахмет Ступац.
Јубилејните скокови привлекоа голем број гледачи, а манифестацијата дополнително ја збогатија многубројни туристи што пристигнаа во Мостар за да го следат традиционалното натпреварување на реката Неретва.