Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
светКоронавирус

Италија: Регистриран 601 нов смртен случај од Ковид-19, но процентот на случаи забавува

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Италија изнесува 6.077, а во последните 24 часа се пријавени нови 601 починат
Ekip
23 Март 2020•Ажурирано: 24 Март 2020
Италија: Регистриран 601 нов смртен случај од Ковид-19, но процентот на случаи забавува

РИМ

Денес во Италија е потврден 601 нов смртен случај од Ковид-19, со што вкупниот бројот на починати изнесува 6.077 лица. Италија сѐ уште е земја со највисока бројка на починати од вирусот во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Последните бројки од италијанскиот Оддел за цивилна заштита покажуваат дека вкупниот број на случаи на заразување во земјата е зголемен повторно, но се забележува забавување во темпо во однос на претходно.

Бројот на детектирани случаи на заразени од Ковид-19 во Италија достигна бројка од 50.418 случаи, што е зголемување од 8 отсто во последните 24 часа. Вкупниот број на пациентите кои што досега се излекувани изнесува 7.432.

Епицентарот на епидемијата во Италија останува во северниот регион Ломбардија, при што само таму бројот на жртви достигна бројка од 3.776 лица.

Бидејќи Италија влегува во круцијална недела за да потврди дали е постигнат пресврт во смисла на нови дневни случаи на зараза, Владата продолжува да се бори за управување со вондредната состојба.

Премиер Џузепе Конте во своето обраќање во саботата вечер изјави дека во Италија во потполност е запрено производството коешто не е неопходно во екот на борбата против ширењето на коронавирусот (Ковид-19).

Тој рече дека неговата земја се соочува со најтешката криза од Втората светска војна навака.

„Ќе дозволиме работа на далечина и производството коешто е неопходно. Нема потреба за метеж во супермаркетите. Продавниците за храна, аптеките, поштите и банките остануваат отворени“, рече Конте и додаде дека актуелните мерки се на сила до 3 април.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан. Смртоносниот вирус брзо се прошири во повеќе земји, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

related_topics:
коронавирусИталија
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription

contact_the_ombudsman

is_there_an_error_in_this_story

ombudsman_apply_button
Претходно
Следно
Претходно
Во САД од Ковид-19 починаа 473 лица

Во САД од Ковид-19 починаа 473 лица

Следно

УЕФА на неопределено ги одложи големите европски финални натпревари поради Ковид-19

УЕФА на неопределено ги одложи големите европски финални натпревари поради Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во саудискиот главен град паднаа остатоци по пресретнувањето на балистичка ракета, предизвикана материјална штета

Муцунски: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Шефицата за надворешна политика: ЕУ ќе воспостави мисија за обука и поддршка на либанската армија

Солените формации што се појавија во Соленото Езеро го привлекуваат вниманието на љубителите на фотографијата

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија пресретнала три ракети на Хусите насочени кон Ријад и Хамис Мушаит

Иран ги разгледува американските ставови за седумдневниот план, се очекува одговор во следните денови

Турција и Франција потпишаа Мапа на патот за продлабочување на одбранбената и безбедносната соработка

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муслиманите во Италија на митинг против тероризмот

Муслиманите во Италија на митинг против тероризмот

ЕУ и НАТО остро го осудија терористичкиот напад во Истанбул

ЕУ и НАТО остро го осудија терористичкиот напад во Истанбул

Рухани во прва официјална посета на Италија и Франција

Рухани во прва официјална посета на Италија и Франција

Почина италијанскиот писател Умберто Еко

Почина италијанскиот писател Умберто Еко

Италија и Албанија со зајакната соработка, стравуваат од отворање на нова бегалска рута

Италија и Албанија со зајакната соработка, стравуваат од отворање на нова бегалска рута

Референдум во Италија за нафтените платформи на море

Референдум во Италија за нафтените платформи на море

Италија: Неуспешен референдумот за нафтените платформи

Италија: Неуспешен референдумот за нафтените платформи

Италија ја одбележува 71. годишнина од ослободувањето од фашизмот

Италија ја одбележува 71. годишнина од ослободувањето од фашизмот

Јункер: Европската јавност е сè уште премногу национална, а не европска

Јункер: Европската јавност е сè уште премногу национална, а не европска

Италија: Во последните 24 часа се спасени 1.138 бегалци

Италија: Во последните 24 часа се спасени 1.138 бегалци