Vesna Besiç
24 Август 2018•Ажурирано: 26 Август 2018
ЊУЈОРК (AA) - По повод Денот на киното во американскиот град Њујорк започнаа проекции на филмови на отворено, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во паркот под мостот „Бруклин“, голем број љубители уживаа во филмот „Wonder Women“. Се работи за филм на режисерката Пети Џенкинс од 2017 година.
Бруклин е една од петте градски области на Њујорк. Иако му припаѓа на Њујорк, Бруклин во повеќе од сто години го сочувал сопствениот културен идентитет. За тоа се заслужни независната уметничка сцена, бројните етнички заедници и специфичната архитектура.