ЊУЈОРК (AA) - Русија и Кина вложија вето на нацртот на резолуцијата на Советот на безбедност на Обединетите нации со кој се барше воведување на санкциите против режимот на Асад поради изведување на напади со хемиско оружје во војната во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Потсетуваме, извештајот на стручниот тим на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) покажа дека сирискиот режим три пати користеше хемиско оружје во војната во Сирија, а ДЕАШ еднаш.
Во согласност со резултатите од извештајот, Велика Британија, САД и Франција предложија нацрт на резолуцијата со која се предвидуваат санкции против оние кои во Сирија кориселе хемиско оружје. Меѓутоа, Русија и Кина денеска во текот на гласањето вложија вето на спомнатата резолуција со која се бораша воведување сакнции против режимот на Асад поради нападите со хемиско оружје.
Боливија, која нема право на вето, исто така гласаше против нацртот на резолуцијата, Етиопија, Египет и Казахстан останаа воздржани, додека останатите девет земји гласаа во корист на нацртот на спомнатата резолуцијата. Русија од почеток на судидот во Сирија седум пати вложи вето на нацртите на резолуцијата на Советот за безбедност, а кои се однесуваат на Сирија.
Потсетуваме, амбасадорката на САД во ОН, Ники Халеј на 24. февруари изјави дека се преземаат напори за да во Советот за безбедност на ОН биде изгласана резолуцијата со која се предвидуваат санкциите против режимот кои во Сирија користи хемиско оружје. Заменик на рускиот амбасадор при ОН Владимир Сафронков тогаш изјави дека не е исправно резолуцијата да не биде изгласана, бидејќи, како што рече, сеуште трае истрагата за споредба на хемиско оружје во Сирија.
news_share_descriptionsubscription_contact


