Ekip
29 Јануари 2016•Ажурирано: 30 Јануари 2016
АНКАРА/АЛЕПО (АА) – Русија, која од 30 декември 2015 година за да му даде поддршка на режимот во Сирија со воздушни напади се вклучи во војната, во судирите изгуби 109 војници, јавува Anadolu Agnecy (AA).
Од избивањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Русија решително го поддржува режимот на Башар ал-Асад, покрај воздухопловните сили ги користи и копнените елементи. Според информациите кои АА ги доби од изворите блиски на режимот во Сирија, стотици руски војници на копно, учествуваат во управување на операциите на силите на Асад врз линиите на фронтот на опозицијата и дека специјалните сили заедно со силите на режимот учествуваат во некои судири.
Во Џурин који спаѓа на Латакија, на врвот Сулунфе во Џурин, во градовите Салма и Рабија и во руската воздухопловна база во Химејмим, исто така во градовите Дамаск, Хама, Хомс и Хасака, руските војници се наоѓаат како екипи за авиони и технички тимови за проектили. Русија, за проширувањето на Меѓународниот Аеродром Камишли на вилајетот Хасеке кој се наоѓа во североисточниот дел на земјата, на границата со Турција, задржува единици за засилување. Сирискиот Локален координативен комитет, во изјавата дадена на 19 јануари најави дека тука биле пренесени 100 руски војници.
Според информациите кои изворите блиски со режимот ги дадоа на АА, од 30 октомври наваму во судирите и нападите во Сирија загинаа 109 руски војници. Еден дел од руските војници загинале во операциите на специјалните единици и на линиите на фронтот, додека другиот дел ги загубиле своите животи како резултат на собирањето на хеликоптерите со кои беа наведени тимовите.
- Поддршката на Русија не донесе резултат
Опозицијата и покрај тешките напади на Русија врз неа ги зачува своите позиции против режимот во неколку точки Според студијата на Лондонскиот центар за истражување IHS Jane’s на 11 јануари, и покрај воздушните напади на Русија во Сирија кои траат веќе околу 4 месеци, режимот успеа своето земјиште да го прошири само за 1,3 отсто. Еден од регионите кои привлекоа внимание во овој значајен напредок беше регионот Туркменска Планина која и припаѓа на Латакија.
И покрај загубите во јужниот дел на Алепо, сеуште повеќе од половината на вилајетот е во рацете на опозицијата. Напорите на режимот за напредок кон северот на Алепо не добија одговор. Опозицијата, ги зачува своите добивки во вилајетот Идлиб, вилајет о кој минатата година опозицијата го презеде речиси во целост.
Силите на режимот не успеаа да напредуваат во Хама и Хомс, додека опозицијата и покрај интензивните бомбардирања го обезбеди регионот Источна Гута на Дамаск. Исто така, од почетокот на руските напади па наваму, опозицијата некои важни точки ги презеде под своја контрола. Тие, од режимот ги земаа селата Атшан и Кефер Набуде на Хама и стратешкиот град Морик.