Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
политика

Одбележан 7 мај - Денот на македонската полиција

По повод одбележувањето на празниот, се обрати Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој обраќајки се на полицијата истакна дека оваа професија бара многу сериозност, одговорност, подготвеност и пожртвуваност.
Ivana Ramadanova
06 Мај 2016•Ажурирано: 07 Мај 2016
Одбележан 7 мај - Денот на македонската полиција
Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Со свечена церемонија Министерството за внатрешни работи денеска во касарната Илнден го одбележа 7-ми Мај, Денот на полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).

По повод одбележувањето на овој ден, се обрати Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој обраќајки се на полицијата истакна дека оваа професија бара многу сериозност, одговорност, подготвеност и пожртвуваност. Тој додаде дека Македонската полиција денес, како никогаш порано, се наоѓа пред историскиот предизвик, чија што единствена цел е - изградба на институција што во секој поглед ќе биде безбедносен гарант, сервис на сите граѓани на Република Македонија.

"Денес, како никогаш до сега вие сте под огромен притисок. Секој ден од почеток да избирате помеѓу одговорноста и прагматичноста, помеѓу достоинството и егзистенцијата, помеѓу храброста и исплатливоста. Секојдневно повторно од почеток, да докажувате дека полицаецот е човек кој зад униформата не ја крие својата човечност, зад штитот не ја крие својата правичност, а зад шлемот не го крие разумот", рече Спасовски.

Спасовски истакна дека му е голема чест да биде на чело на една таква институција како што е Министерството за внатрешни работи, која е не е само стожер на безбедноста на едно општество, туку е и дом на храбри, чесни и искрени професионалци.

"Сите ние сме обврзани, во име на нашите поранешни колеги кои своите професионални кариери и личен интегритет ги вградија во Министерството за внатрешни работи. Уште поголем е нашиот долг кон семејствата на нашите колеги кои, своите животи ги вградија во Министертвото за внатрешни работи. На крајот првенствено заради нив, имаме обврска да го чуваме мирот и спокојот на нивните, но и на нашите деца и да продолжиме да ја градиме безбедноста и иднината на сите граѓани во оваа држава. Така ќе му покажеме на светот, на нашите пријатели, ЕУ и САД, дека сме кредибилен пријател и партнер во иднината што заедно ќе ја споделуваме", додаде Спасовски.

На денешното одбележување на 35 години од ЕСЗ беше отворена спомен – куќа во која меѓу другото се поставени и биографиите на загинатите припадници на полициските „Тигри“.

По повод 7-ми мај – Денот на македонската полиција, денеска Спасовски и претставници на семејствата на загинатите припадници на полицијата, положија цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата во кругот на Министерството.

related_topics:
ПолицијаОливер СпасовскиМВР
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Во Будва започна Меѓународниот форум за одбрана

Во Будва започна Меѓународниот форум за одбрана

Следно

Вершбоу: Русија ќе зажали доколку се обиде да нападне некоја од членките

Вершбоу: Русија ќе зажали доколку се обиде да нападне некоја од членките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Осудениот воен злосторник Младиќ закопан со воени почести во Белград

Хрватска повика на преземање чекори поради комеморацијата и величењето на Младиќ, неспоиво со вредностите на ЕУ

Шведска купува американска ракетна артилерија „ХИМАРС“ за 750 милиони долари

Германскиот канцелар по поразот на изборите во Саксонија-Анхалт: Најразорниот изборен пораз во последните децении

Полска истакна дека победата на АфД на германските покраински избори ги загрозува нејзините интереси

Вимблдон ја отфрли можноста за наменска акредитација на инфлуенсери по прекините на УС Опен

Францускиот министер Баро предупреди на нормализација на идеите на крајната десница по победата на АфД во Германија

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската полиција уапси функционер на Безбедносни сили на Косово по обвинение на Србија

Македонската полиција уапси функционер на Безбедносни сили на Косово по обвинение на Србија

Спасовски: Безбедносната состојба во државата е стабилна

Спасовски: Безбедносната состојба во државата е стабилна

Сузбиена терористичка група во Северна Македонија

Сузбиена терористичка група во Северна Македонија

Секуловиќ: „Северна Македонија е успешна приказна со девизата општество за сите“

Секуловиќ: „Северна Македонија е успешна приказна со девизата општество за сите“

Седум полицајци се киднапирани, осуммина милитанти убиени во жестоки судири во Северозападен Пакистан

Седум полицајци се киднапирани, осуммина милитанти убиени во жестоки судири во Северозападен Пакистан

Спасовски: Полицијата спречи да ескалира ситуацијата во Бутел

Спасовски: Полицијата спречи да ескалира ситуацијата во Бутел

Полицијата во Грција фрли солзавец врз пропалестинските демонстранти

Полицијата во Грција фрли солзавец врз пропалестинските демонстранти

Турската полиција приведе 18 осомничени припадници на ФЕТО

Турската полиција приведе 18 осомничени припадници на ФЕТО

Ослободени тројцата косовски полицајци

Ослободени тројцата косовски полицајци

Навивачите на Србија во Виена нападнаа полиција, четворица уапсени

Навивачите на Србија во Виена нападнаа полиција, четворица уапсени