Barış Gündoğan
21 Октомври 2016•Ажурирано: 22 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим денес во Анкара изјави дека приоритет на Турција е да ги заштити границите, и дека не е важно што некој друг зборува за борбата на неговата земја против терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Јидлирим одговараше на прашања на новинарите и се осврна на актуелните случувања во Турција и во регионот.
„Турција во секоја смисла се занимава со случувањата во Мосул и во Ирак, бидејќи имаме 350 километри граница со Ирак. Припадниците на терористичката огранизација ПКК преку ирачката територија ги преминуваат границите и ни создаваат проблеми. Во таа смисла, пред сѐ е потребно да се воспостави ред над терористичките организации што таму се кријат и кои претставуваат проблем за Турција“, изјави Јилдирим.
Тој истакна дека активностите на Турција на подрачјето на Сирија во потполност се со цел да се отстранат терористичките организации, како и да се создаде безбедност на сопствените граници.
„Првенствено ДЕАШ, потоа ПЈД и ЈПГ, ние ги сметаме за терористички организации. Не е битно тоа што некој го зборува за нашата борба против тероризмот. Како што тоа го правевме досега, ќе продолжиме со преземање на сѐ што е потребно за заштита на нашата земја и на нашите граници. Немаме територијални претензии кон ниедна земја. Наш приоритет е заштитата на нашите граници“, изјави Јилдирим.
- Народот е тој што ќе одлучи во воведувањето на претседателскиот систем -
Кога се во прашање дискусиите околку воведувањето на претседателскиот систем во оваа земја, Јилдирим изјави дека неговата желба е тој проблем да го реши народот.
„Народот секогаш ги решаваше овие прашања кога не успеваше да ги реши политиката. Кога на народот ќе му го претставиме овој предлог за измена на уставот, веруваме дека ќе донесе најразумна и најточна одлука. Доволно е само тоа Парламентот да го одобри“, изјави Јилдирим.
Тој се осврна и на жалбите кога се во прашање суспензиите во рамките на мерките преземени во борбата против терористичката организација ФЕТО, по обидот за државен удар во оваа земја.
„Упатени се околу 116.000 жалби. Секако, има жалби што се повторуваат. Се работи на тоа. Она што и претходно го порачавме е тоа дека ако постои некоја грешка, таа ќе биде поправена. Министерството работи на тоа“, порача премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.