Şeyma Erkul Dayanç
28 Јули 2026•Ажурирано: 28 Јули 2026
Полска официјално се вклучи во иницијативата на Европската Унија (ЕУ) за изградба на гигафабрики за вештачка интелигенција (ВИ) откако потпиша договор за заедничка набавка со Заедничката иницијатива за европско високоперформансно компјутерство, објави денес полски ТВП Ворлд, пренесува Анадолу.
Договорот ѝ овозможува на Полска да учествува во процесот на набавка на ниво на ЕУ за планираните објекти за вештачка интелигенција, изјави заменик-министерот за дигитални работи, Дариус Стандерски.
Полска сака да изгради ВИ-гигафабрика од среден капацитет, која ќе може да поддржува најмалку 75.000 процесорски акцелератори за вештачка интелигенција (ВИ).
Владата издвои повеќе од 400 милиони злоти (околу 106 милиони долари) за проектот и преговара со партнери од приватниот сектор што би го граделе и би менаџирале со објектот.
Се очекува во првата рунда на набавки на ЕУ да се изберат седум ВИ-гигафабрики, со договори што треба да бидат потпишани на почетокот на 2027 година, а објектите се очекува да почнат со работа во 2028 година.
Стандерски, исто така, рече дека Полска подготвува договор за соработка со Чешка и добила поддршка од Литванија, а разговорите со другите земји членки на ЕУ се во тек.