Mohammad Sio
21 Јули 2026•Ажурирано: 21 Јули 2026
Американските сили денес извршија напади врз локација во планинската област Хорамабад во западната иранска провинција Лорестан, соопштија иранските медиуми, пренесува Анадолу.
Државниот радиодифузер ИРИБ објави дека нападот бил насочен кон локација на височините околу Хорамабад, без да даде дополнителни детали.
Нема известувања за тоа дали има жртви или материјална штета.
Соединетите Американски Држави ги ескалираа нападите врз Иран од минатата недела, при што Иран возврати со напади насочени кон капацитетите и базите за кои тврди дека се користат од американската војска во неколку регионални земји.
Размената на оган меѓу САД и Иран се случи и покрај меморандумот за разбирање посредуван од Пакистан, кој го потпишаа во јуни за да стават крај на војната и да постигнат траен мировен договор.