Barış Seçkin
02 Јули 2026•Ажурирано: 02 Јули 2026
Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија исфрли пепел и лава, јавува Анадолу.
Според информациите добиени од локални извори, вулканската активност на Етна продолжува по пукнатината што се отвори на 26 јуни во кратерот Вораџине, кој се наоѓа на врвот на вулканот на надморска височина од околу 3.000 метри.
Од пукнатината во наведениот кратер се исфрлаат различни количини пепел и тече лава. Текот на лавата што излегува од кратерот може да се забележи и од источните падини на Етна.
Катаниската единица на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), поради најновата вулканска активност во кратерот Вораџине, издаде портокалов предупредувачки код за авионите што минуваат над овој регион, а соопштено е дека летовите на аеродромот „Фонтанароса“ во Катанија, во близина на Етна, не се погодени од исфрлањето пепел и лава од вулканот.
Вулканот Етна има статус на највисок активен вулкан во континентална Европа, со висина од околу 3.300 метри.