Saadet Gökce
31 Јули 2026•Ажурирано: 31 Јули 2026
Најмалку 34 лица загинаа при уривање на рудник за јаглен во југозападната пакистанска покраина Белуџистан, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Инцидентот што се случи вчера во областа Соранџ бил предизвикан од експлозија на гас метан, изјави сопственикот на рудникот Курбан Џогезаи, пренесе локалната телевизија Гео њуз.
Џогезаи изјави дека 42 работници работеле во рудникот кога се случила експлозијата.
Покраинската управа за управување со катастрофи соопшти дека продолжуваат спасувачките напори за лицата за кои се верува дека се заглавени под земја.
Премиерот на Белуџистан, Сарфраз Бугти, изјави дека ќе бидат преземени строги мерки доколку се утврди каква било небрежност или неправилност.
Несреќите во рудниците за јаглен се чести во Балуџистан и Синд, главно поради несоодветните безбедносни мерки и лошата работна средина, наведуваат медиумите.