Ahmet Salih Alacaci
25 Јуни 2026•Ажурирано: 25 Јуни 2026
Поголемиот дел од Венецуела, вклучително и главниот град Каракас, остана без пристап до интернет откако два последователни силни земјотреси ја оштетија електроенергетската и телекомуникациската инфраструктура во земјата, соопшти организацијата за мониторинг на глобалната мрежа „НетБлокс“, пренесува Анадолу.
Според податоците на оваа мрежа, немањето пристап до интернет се случило веднаш по двата силни земјотреси — едниот со магнитуда од 7,2, а другиот од 7,5 степени — кои оштетија делови од виталната инфраструктура на земјата, објави „НетБлокс“ на американската компанија за социјални медиуми Х.
Прекините во комуникацијата доаѓаат во период кога венецуелските власти сè уште ги проценуваат штетите од земјотресите, кои предизвикаа големи разурнувања во северниот дел на земјата и доведоа до итни спасувачки операции.
Претходно, официјалните претставници известија за сериозни оштетувања на инфраструктурата по последователните потреси, по што вршителката на должноста претседател на државата, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба на национално ниво.