Diyar Güldoğan
05 Август 2026•Ажурирано: 05 Август 2026
Во украински напад со беспилотни летала во текот на ноќта е погодена руската Тулска Област, при што се оштетени станбени згради, индустриски објекти и логистички центар, соопшти денес регионалниот гувернер Дмитриј Милијаев, јавува Анадолу.
„Минатата ноќ нашиот регион повторно беше цел на украински беспилотни летала“, напиша Милијаев на Телеграм, додавајќи дека руските сили уништиле 107 украински беспилотни летала.
Тој наведе дека, според првичните информации, оштетени се две станбени згради во Венјовскиот Реон, како и два индустриски објекта во реоните Новомосковск и Узловски.
Според гувернерот, едно беспилотно летало паднало и во кругот на центар за сортирање на компанијата „Вајлдберис“, при што избувнал пожар.
Милијаев изјави дека на местото веднаш биле пратени итните служби, а пожарникарите работат на гаснење на огнот.
„Според првичните информации, нема загинати. Едно лице е повредено и укажана му е потребната медицинска помош“, додаде тој.