Faisal Mahmud
03 Август 2026•Ажурирано: 03 Август 2026
Воен авион за обука на Мјанмар се урна рано утринава во регионот Јангон, откако при летот се судрил со птица, што предизвикало пожар во моторот, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Според телевизијата „Мјанмар ИТВ“, пилотот безбедно се катапултирал откако претходно го насочил запалениот авион кон ненаселено подрачје, при што нема повредени.
Судирот со птицата се случил за време на тренажен лет, кога птица влегла во моторот на авионот и предизвикала пожар.
Авионот се урнал во близина на селото Нјаунг Хнит Пин, на околу 8,5 километри југоисточно од градот Хмавби.
По инцидентот, безбедносните сили биле распоредени на местото на несреќата, каде што го обезбедиле подрачјето и започнале со неопходните активности, јави „Елевен Медиа Груп“.
Засега не е соопштено каков е типот на авионот, а воените власти на Мјанмар сè уште не објавија дополнителни информации за несреќата.
Хмавби, кој се наоѓа северно од Јангон, е седиште на една од воздухопловните бази на војската на Мјанмар.