Mohammad Sio
06 Јули 2026•Ажурирано: 06 Јули 2026
Израелската Армија денес урна повеќе куќи во јужниот либански град Аитарун и предизвика експлозија во градот Хула, што претставува продолжување на прекршувањата на рамковниот договор потпишан меѓу Бејрут и Тел Авив, јавува Анадолу.
Државната Национална новинска агенција на Либан (ННА) објави дека израелските сили разнеле неколку станбени објекти во Аитарун.
Израелските сили, исто така, предизвикаа експлозија во текот на ноќта во Хула во областа Марџајун, соопшти агенцијата, без да ја прецизира целта.
Најновите инциденти се случуваат и покрај постоечкиот прекин на огнот и рамковниот договор постигнат со посредство на САД, потпишан на 26 јуни меѓу Либан и Израел, кој предвидува фазно израелско повлекување од целата либанска територија, почнувајќи со две пилот-зони што допрва треба да бидат утврдени.
Израел продолжува со воените операции во Либан од 2 март, при што, според официјалните податоци, загинаа повеќе од 4.300 луѓе, а над 12.000 се повредени.
Израелските сили, исто така, продолжуваат да окупираат делови од јужен Либан – некои со децении, а други заземени за време на војната 2023-2024 година – додека во текот на последната офанзива напредуваа повеќе од 10 километри длабоко во либанската територија.