Mohammad Sio
03 Август 2026•Ажурирано: 03 Август 2026
Иран денес соопшти дека не води преговори со Соединетите Американски Држави и дека во соработка со Оман работи на воспоставување „привремена рута“ низ Ормускиот Теснец, со цел да се обезбеди непречено пловење низ оваа стратегиски важна поморска рута, јавува Анадолу.
На редовен брифинг за медиумите, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека разговорите меѓу Техеран и Мускат се насочени кон воспоставување привремена поморска рута низ Ормускиот Теснец.
„Нашите тековни разговори со Оман се фокусирани на обезбедување непречено пловење на бродовите низ Ормускиот Теснец“, изјави Багаеи, пренесе полудржавната новинска агенција „Фарс“.
„Работиме, во соработка со Оман, што е можно побрзо да воспоставиме привремена рута за да можеме да гарантираме безбедно пловење низ Ормускиот Теснец“, додаде тој.
Багаеи ги отфрли информациите за наводни преговори меѓу Техеран и Вашингтон, нагласувајќи: „Не водиме преговори со Соединетите Американски Држави.“
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека преговорите со Иран ќе започнат денес попладне, изразувајќи оптимизам дека наскоро би можел да биде постигнат договор за Ормускиот Теснец и за, како што рече, „денуклеаризацијата“ на Иран.
Багаеи додаде дека ситуацијата во Ормутскиот Теснец „нема да се промени сѐ додека Соединетите Американски Држави продолжуваат со своите акти на агресија и блокадата“.