„Турска Аризона“: Црвените карпи Бајам ги воодушевуваат посетителите
- Црвените карпи Бајам, кои се наоѓаат меѓу селата Котек и Бајам, привлекуваат внимание со интересните карпести формации обликувани со природна ерозија и нивните црвеникави нијанси
Cüneyt Çelik, Hüseyin Yıldız
11 Септември 2026•Ажурирано: 11 Септември 2026
photo: Hüseyin Yıldız / AA
КАРС
Црвените карпи Бајам, кои се наоѓаат во областа Кагизман во турската провинција Карс, со карпите во црвени нијанси и природни формации потсетуваат на кањоните во Аризона, САД, и ги очекуваат љубителите на природата, пишува Анадолу.
Црвените карпи Бајам, кои се наоѓаат меѓу селата Котек и Бајам, привлекуваат внимание со интересните карпести формации обликувани со природна ерозија и нивните црвеникави нијанси.
Карпите во форма на печурки, кои се издигнуваат над тенките слоеви песок, создаваат прекрасни пејзажи, особено кога се снимени од воздух.
Фотографија : Hüseyin Yıldız/AA
Регионот, кој се наоѓа надвор од класичните туристички маршрути, има значителен потенцијал за пешачење, фотографирање и спортови во природа благодарение на природната структура и уникатните глетки.
Карпестите предели опкружени со зеленило нудат импресивни глетки за љубителите на фотографијата.
Црвените карпи Бајам, кои се сметаат за значајни за промоција на природните убавини на Кагизман и создавање алтернативни туристички маршрути, ги очекуваат љубителите на природата.
- „Посетителите се воодушевени“ -
Претседателот на Клубот за планинарење и спортови во природа „Кагизман“, Харун Агдаш, за АА изјави дека Црвените карпи Бајам во областа Кагизман потсетуваат на кањоните во американската сојузна држава Аризона.
Фотографија : Hüseyin Yıldız/AA
Наведувајќи дека како спортски клуб повремено организираат пешачења низ регионот, Агдаш рече:
„Овде имаме прекрасен кањон со карпи што потсетуваат на оние во Аризона и доволно се големи за да може да се споредат со нив. Ние го нарекуваме Црвените карпи Бајам. Како спортски клуб организираме пешачења. Тоа е дел од нашата пешачка маршрута и посетителите се воодушевени од ова место. Сакаме овој регион да биде ставен во функција на туризмот. Овде има природни формации. На сите би им препорачал да дојдат и да прошетаат.“
Агдаш ги покани љубителите на природата да ги видат убавините на регионот.