Esra Tekin
24 Септември 2026•Ажурирано: 24 Септември 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја истакна важноста од единството и организираната соработка меѓу турските и американските муслимански заедници за време на средбата во Њујорк, заблагодарувајќи им се на учесниците што допатуваа од различни делови на САД, јавува Анадолу.
Ердоган рече дека на настанот се собрале турски граѓани што живеат во САД и претставници на пошироката американска муслиманска заедница, опишувајќи ја средбата како демонстрација на „братство“ што ги надминува националните граници, пасошите и географијата.
„Како претседател на Турција, длабоко ме израдува што бев дел од овој дух на братство и што бев меѓу неговите членови“, наведе Ердоган на турската платформа за социјални медиуми НСоушал.
Тој повика чувството на солидарност демонстрирано на средбата да се претвори во долгорочна соработка, оценувајќи дека поголемата координација може да создаде трајна општествена вредност.
Ердоган го истакна зголеменото присуство на турските, туркиските и муслиманските заедници во САД, посочувајќи ги нивните човечки ресурси, професионално искуство и развојот на институционалните капацитети.
Исто така, тој им се заблагодари на Американците кои одржуваат блиски врски со Турција и ја поддржуваат земјата во услови на, како што рече, предрасуди и неправда кон турскиот народ.
„Ја изразувам мојата најдлабока благодарност до сите наши пријатели што го зајакнуваат кругот на пријателство на Турција, придонесуваат за подобро разбирање на нашата земја и ја покажуваат својата солидарност со нас секогаш кога ни е потребна“, рече Ердоган.
Тој ги даде овие изјави при средбата со припадници на турската и американската муслиманска заедница за време на официјалната посета на Њујорк по повод 81. сесија на Генералното собрание на ОН.