Esra Tekin
24 Септември 2026•Ажурирано: 24 Септември 2026
Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени го погоди округот Караќопру во Шанлиурфа, Југоисточна Турција, во 10:40 часот по локално време, јавува Анадолу.
Според информациите објавени на веб-страницата на Турската агенција за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во Караќопру.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 7,39 километри.
Потресот е почувствуван и во околните области.
Гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Силдак, за Анадолу изјави дека нема јавувања за смртни случаи или уривања на објекти во градот, според првичните процени.
Силдак рече дека тимовите продолжуваат со своите инспекциски надзори во областа.