Fatjon Cuka
26 Ноември 2026•Ажурирано: 26 Ноември 2026
Во изминатите неколку часа Албанија беше зафатена од лоши временски услови, со дожд и силен ветер, кои предизвикаа проблеми во неколку области, јавува Анадолу.
Врнежите од дожд предизвикаа поплави на неколку улици во градот Драч и проблеми во одвивањето на сообраќајот.
Се известува дека во округот Валона силниот ветер предизвикал ограничувања во поморскиот сообраќај.
На неколку патни правци во округот Кукс е пријавено одрони и надоаѓање на вода, што го отежнало сообраќајот.
Надлежните соопштија дека во округот Скадар, покрај дождот, во неколку области има и врнежи од снег.
Врнежи ја зафатија и Тирана, но надлежните не известија за посериозни проблеми.
Според Институтот за геонауки на Албанија, денес и утре се очекуваат интензивни до локално многу интензивни врнежи во окрузите Дебар, Елбасан, Валона и Ѓирокастро.
Во окрузите Скадар, Кукс, Тирана и Корча се очекуваат интензивни врнежи, а во другите окрузи се прогнозираат умерени до локално интензивни врнежи.