Gökhan Ergöçün
25 Август 2026•Ажурирано: 25 Август 2026
Како што продолжува активноста на криптопазарот, цената на биткоинот, најголемата криптовалута, ја надмина границата од 80.000 долари за прв пат од мај 2026 година, јавува Анадолу.
Податоците од компанијата за анализа Коинмаркеткап покажаа дека вкупната вредност на глобалниот пазар на криптовалути достигна 2,71 билиони долари во последните 24 часа со зголемување од 3,45 %.
Биткоинот, кој доби повеќе од 4,2 % во вредноста во последните 24 часа, се тргуваше за 80.545 долари до 6:40 часот по Гринич.
Неделното зголемување на вредноста на биткоинот исто така достигна 25,1 %.
Етерумот, кој е на второ место по пазарната вредност, се искачи на над 2.500 долари со пораст од 2,3 %.