Млад Палестинец од Газа бара решение од жештините со изградба на традиционална куќа од непечена тула
- Палестинците, кои во населените места и бегалските кампови во централниот дел на Газа тешко наоѓаат дури и безбедно место каде што би поставиле шатори, се соочуваат со големи тешкотии поради нивната дотраеност
Dzihat Aliju
27 Август 2026•Ажурирано: 27 Август 2026
photo: Mahmoud Abu Hamda / AA
ГАЗА
Во Појасот Газа, каде што Палестинците се борат за опстанок под израелските напади и блокадата, со доаѓањето на летото раселените жители бараат решение за жештините со традиционални куќи од непечена тула, пишува Анадолу.
Палестинците, кои во населените места и бегалските кампови во централниот дел на Газа тешко наоѓаат дури и безбедно место каде што би поставиле шатори, се соочуваат со големи тешкотии поради нивната дотраеност.
Високите температури во шаторите ги поттикнуваат жителите во регионот да се насочат кон градби од непечена тула, отпорни на климатските услови.
Халил Ебу Рамадан, кој дошол од северот на Газа и бил принуден да се засолни во областа Ел-Мегази, за Анадолу рече дека шаторите не може да ги заштитат ниту од летните горештини ниту од зимскиот студ.
Фотографија : Mahmoud Abu Hamda/AA
Соочен со оваа безизлезна ситуација, Рамадан решил да изгради куќа од непечена тула.
Тој истакна дека сака повторно да го оживее традиционалното знаење на Палестинците за градба од кал, кое претставува дел од старото палестинско наследство, така што ги научил техниките за изградба на објекти од кал.
Рамадан вели дека Израел не дозволува внесување градежни материјали во Газа, поради што користи земја.
Израел продолжува да го блокира внесувањето на договорените испораки на хуманитарна помош во Газа, каде што живеат околу 2,4 милиони Палестинци, од кои околу 2,15 милиони се раселени поради континуираните израелски напади.
Во тековната израелска војна во Појасот Газа, која трае од октомври 2023 година, загинати се повеќе од 73.000 лица и над 174.000 се повредени.
Покрај жртвите, од кои повеќето се жени и деца, Израел уништи околу 90 отсто од цивилната инфраструктура во Газа, при што ОН проценуваат дека вкупните трошоци за реконструкција би изнесувале околу 70 милијарди долари.
Млад Палестинец од Газа бара решение од жештините со изградба на традиционална куќа од непечена тула