Ткаат за традицијата, заработуваат за семејството: Жените од Газиантеп го чуваат старото мајсторство
- „Ние, колку што можеме, го модернизираме овој занает, го приспособуваме на денешното време и традиционалните техники ги претвораме во производи што можат да се користат во секојдневниот живот“
Adsız Günebakan
21 Август 2026•Ажурирано: 21 Август 2026
photo: Adsız Günebakan / AA
ГАЗИАНТЕП
Жените кои посетуваат обука за традиционално рачно ткаење во центарот што работи во рурална населба во турскиот град Газиантеп, истовремено го зачувуваат овој занает и придонесуваат за семејниот буџет, пишува Анадолу.
Работилницата за рачно ткаење во рамки на Центарот за семејна поддршка на Кајмакамството на Шехиткамил, која работи во руралното село Џеритјенијапан во Општина Шехиткамил, привлекува голем интерес.
Курсистките кои посетуваат обука пет дена во неделата, покрај тоа што го изучуваат традиционалното рачно ткаење, изработуваат производи за своите домови, како и производи според нарачките добиени од центарот.
Фотографија : Adsız Günebakan/AA
Жените добиваат дел од приходот од продажбата на производите, со што придонесуваат за семејниот буџет.
Инструкторката во работилницата, Мелике Асланооглу, за АА изјави дека рачното ткаење постепено се заборава.
Таа вели дека во моментов обучуваат 12 жени.
„Ние, колку што можеме, го модернизираме овој занает, го приспособуваме на денешното време и традиционалните техники ги претвораме во производи што можат да се користат во секојдневниот живот. Нашата цел е да им го пренесеме овој занает на идните генерации и да им помогнеме да го засакаат. Ткаеме, но ткаенините ги претвораме во декоративни предмети за домот. Изработуваме производи што можат лесно да се користат во секојдневието. На тој начин, младите со уште поголема желба доаѓаат да учат“, рече Асланооглу.
Ткаат за традицијата, заработуваат за семејството: Жените од Газиантеп го чуваат старото мајсторство