Kemal Kaymak
04 Ноември 2016•Ажурирано: 04 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција изјави дека во согласност со инструкциите дадени од страна на Јавните обвинителства на Дијарбакир, Ширнак, Хакќари, Ван и Бингол на релевантните единици, извршена е процедурата за притвор на 11 пратеници за да се достават до судските органи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за внатрешни работи се соопштува дека во согласност со инструкциите дадени од страна на Јавните обвинителства на Дијарбакир, Ширнак, Хакќари, Ван и Бингол на релевантните единици, извршена е процедурата за притвор на Копретседателите на Народната демократска партија (ХДП) Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг, пратениците од Ширнак, Ферхат Енџу, Лејла Бирлик, пратениците од Хакќари Селма Ирмак, Абдулах Зејдан, пратениците од Дијарбакир Идрис Балукен, Нурсел Ајдоган, Зија Пир, пратениците од Анкара Сирри Суреја Ондер и пратеникот од Мардин Гулсер Јилдирим.
Утврдено е дека пратеникот на ХДП од Ширнак, Фајсал Саријилдиз и пратничката од Ван, Туба Хезер Озтурк за кои има одлука за притвор се надвор од земјата, какои и дека процедурата за пратеникот од Дијарбакир, Имам Ташчиер и пратеникот од Хакќари, Нихат Акдоган за кои има одлука за приведување сеуште продолжува.