Riyaz Khaliq Khaliq
22 Јуни 2022•Ажурирано: 23 Јуни 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денеска лансира нов сателит во вселената за спроведување на научни експерименти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитот е испратен во орбитата од Центарот за лансирање на сателити „Џиукван“ во северозападна Кина.
„Од Центарот е лансиран пробниот сателит „Тианксинг-1“ на ракета-носач „Куаижу-1А“ во 10:00 часот (02:00 GMT)“, објави државната новинска агенција „Синхуа“, додавајќи дека вселенското летало влегло во својата планирана орбита.
Сателитот главно ќе се користи за експерименти во насока на откривање на вселенската средина.
Тоа е 15. летна мисија за ракетната класа „Куаижу-1А“, која е во функција од 2013 година.