Burak Bir
13 Август 2026•Ажурирано: 13 Август 2026
Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени при експлозија во објект на пристаништето во Ротердам, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Експлозијата се случила попладне во компанија на улицата Мозелвег во Еуропорт, дел од пристаништето во Ротердам, објави холандскиот јавен радиодифузер НОС.
Полицијата потврди дека во експлозијата загинало најмалку едно лице, а неколку се повредени.
Операторот на електроенергетската мрежа „Стедин“ претходно денес пријавил прекин на електричната енергија во таа област, а во трафостаницата избувнал краткотраен пожар, за кој се верува дека бил предизвикан од напонски удар, наведуваат медиумите.
Причината за експлозијата сè уште не е позната и во тек е истрага, соопшти полицијата.