Elena Teslova
29 Јули 2026•Ажурирано: 29 Јули 2026
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес соопшти дека Павел Дуров, основач на апликацијата за пораки Телеграм, во Русија е обвинет за помагање при терористички активности, јавува Анадолу.
ФСБ во соопштението наведе дека е почната постапка за негово ставање на меѓународна потерница.
„Шефот на администрацијата на Телеграм, Павел Дуров, е обвинет во рамките на кривичната истрага според член 205.1, став 1.1 од Кривичниот законик на Русија (помагање при терористички активности). Тој се става на меѓународна потерница“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се додава дека „прекршувајќи го руското законодавство, администрацијата на Телеграм не ги отстранила многубројните канали, разговори и ботови на овој месенџер што активно се користат од украинските специјални служби, терористичките и екстремистичките организации за подготовка и координација на саботажи и терористички акти, масовни убиства и активности за киберизмами во Русија“.
Се истакнува дека „овие активности резултирале со голем број жртви, вклучително жени и деца, како и милијарди долари материјална штета“.