Mohammad Sio
03 Август 2026•Ажурирано: 03 Август 2026
Претседателот на Курдската регионална влада (КРГ) на Северен Ирак, Нечирван Барзани, денес во Дамаск се сретна со сирискиот претседател Ахмад ал-Шара, при неговата прва посета на Сирија по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолу.
Сириската арапска новинска агенција (САНА) соопшти дека Ал-Шара го пречекал Барзани во Народната палата во сириската престолнина.
Агенцијата засега не објави дополнителни детали од средбата.
Ова е прва посета на претседателот на Курдската регионална влада на Сирија по падот на режимот на Асад во декември 2024 година.
Барзани и Ал-Шара првпат се сретнаа на 11 април 2025 година, на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија во Турција. Тие повторно се сретнаа на 17 април 2026 година, за време на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија.