Buğrahan Ayhan
31 Август 2026•Ажурирано: 31 Август 2026
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина за Бишкек, главниот град на Киргистан, за да присуствува на Самитот на Шангајската организација за соработка, јавува Анадолу.
Специјалниот авион, со кој се превезуваа претседателот, неговата сопруга Емине Ердоган и придружната делегација полета од аеродромот во Анкара во 9 часот наутро.
Ердоган на аеродромот во Анкара беше испратен од потпретседателот Џевдет Јилмаз, генералниот секретар на претседателот, Хаки Сушмаз, гувернерот на Анкара, Јакуп Џанболат и други официјални претставници.