Mümin Altaş
31 Август 2026•Ажурирано: 31 Август 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес пристигна во главниот град на Киргистан, Бишкек, за да присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка, јавува Анадолу.
Ердоган на Меѓународниот аеродром Манас беше пречекан од киргистанскиот премиер Адилбек Касималиев и турскиот амбасадор во Бишкек, Мекин Мустафа Кемал Окем.
Првата дама Емине Ердоган го придружува претседателот.
Ердоган треба да присуствува на церемонијата на отворањето на Светските номадски игри во Бишкек Арената подоцна во текот на денот.