Merve Berker
25 Август 2026•Ажурирано: 25 Август 2026
Турција денес ја поздрави одлуката на САД да ја отстранат Сирија од својата листа на држави спонзори на тероризмот, наведувајќи дека овој потег отстранува голема пречка за економското закрепнување и обновата на земјата, јавува Анадолу.
Турското Министерство за надворешни работи во соопштение го пофали „конструктивниот пристап на американската администрација“, наведувајќи дека таа ја покажала „својата решителност во овој поглед“, а истовремено му оддаде признание на американскиот Конгрес за поддршката на процесот.
Министерството, исто така, им честиташе на сириската Влада и на сирискиот народ за нивната „истрајност“.
Се наведува дека одлуката, за која Турција „исто така долго време се залага“, отстранила „една од главните пречки за економското закрепнување и обновата на Сирија“.
Министерството изрази надеж дека потегот ќе „даде дополнителен поттик на напорите за зајакнување на врските на Сирија со меѓународната заедница и воспоставување трајна безбедност и стабилност во земјата“.
„Во овој момент, ја повикуваме меѓународната заедница да ги здружи силите“ за поддршка на закрепнувањето на Сирија, се вели во соопштението.
Министерството додаде дека Анкара верува оти пошироката меѓународна соработка ќе придонесе за обновата на земјата и за унапредување на долгорочната стабилност по одлуката на САД.