Seyit Şamil Kurt
31 Август 2026•Ажурирано: 31 Август 2026
Договорот за одбрана од Мека го започна процесот за воспоставување „нова архитектура на безбедност и соработка“ во регионот, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.
Говорејќи во Истанбул по првиот состанок на Стратегискиот политички и одбранбен комитет, формиран во рамки на Договорот за заедничка одбрана од Мека, Фидан рече дека се очекува сојузот да придонесе за „поголема регионална стабилност“.
„Со овој сојуз, постепено ќе видиме како се воспоставува поголема стабилност во регионот и се намалува неизвесноста“, рече тој.
Фидан, исто така, рече дека Одбранбениот сојуз од Мека е „формиран со цел да се проширува“.
Запрашан за неодамнешните изјави на Владата на Нетанјаху во кои Турција е претставена како стратегиска закана, Фидан рече: „Нетанјаху, кој стана заеднички непријател на човештвото, меѓународната заедница и безбедноста, не е човек што треба да се сфаќа сериозно.“
„Меѓународниот систем мора да се спротивстави на заканата од Нетанјаху“, додаде тој.