Merve Berker
23 Септември 2026•Ажурирано: 23 Септември 2026
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Њујорк одржа денес трилатерална средба со своите колеги од Сирија и Саудиска Арабија, соопшти Министерството за надворешни работи денес, јавува Анадолу.
Средбата со сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шejбани и саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фејсал бин Фархан, се одржа на маргините на 81-то Генерално собрание на ОН, соопшти Министерството на турската платформа за социјални медиуми „НСосијал“.
Во соопштението се наведува дека Фидан ја одржал трилатералната средба во Турската куќа, дипломатскиот центар на Турција во Њујорк.