Mohammad Sio
02 Јули 2026•Ажурирано: 02 Јули 2026
Сирискиот министер за надворешни работи, Асад ал-Шаибани, денес во претседателската палата Баабда во Бејрут се сретна со либанскиот претседател Жозеф Аун, објавија сириските медиуми, пренесува Анадолу.
За време на неговата официјална посета, се очекува Ал-Шаибани да оствари средби со повеќе високи либански официјални претставници, како и со политички и верски лидери, пренесува приватната телевизија „Сирија ТВ“.
Посетата се случува во време кога Дамаск се обидува да отвори ново поглавје во сириско-либанските односи и да ја зајакне билатералната соработка.
Засега не се достапни дополнителни детали од разговорите.